Невиден срам на Олд Трафорд, Јунајтед го допре дното, сите видоа што се случи на трибините (ВИДЕО)

1392

Галатасарај синоќа го шокираше Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совлада со 3-2 во рамките на второто коло во групната фаза во Лигата на шампиони. Навивачите на премиер-лигашот во последно време го губат трпението, ова се докажа на дуелот со трускиот гигант.

По овој натпревар тие фрлаа со дрва и камења по играчите и по тренерот, Ерик тен Хаг. Покрај поразот ги погоди уште една работа.

Фановите на Галата добија одреден број на билети за гостувањето на „Олд Трафорд“, овој дел на трибините беше максимално исполнет, како што се очекуваше. Но, турските фанови не беа само во тој дел, ги имаше насекаде, а тоа најдобро се виде кога се испразни стадионот. Навивачите на Јунајтед ги препродавале своите билети за многу поголема цена што пак предизвика хаос на социјалните мрежи.

Ова покажува на колку ниско ниво паднал клубот во последно време.

ПретходноЛШ: Дербито е во Њукасл, Ц. Звезда јуриша на победа против Јанг Бојс
СледноМакедонија доби организација на Балканско првенство во бокс