Ван Гал се врати во Ајакс за да го извади од кризата

235

Холандскиот фудбалски стручњак Луј Ван Гал ќе се врати во Ајакс во улога на советник, објави амстердамскиот клуб кој е во голема криза. Ван Гал (72) кој минатата година објави дека боледува од рак на простата ќе го советува Ајакс за фудбалски работи.

„Би сакал да му помогнам на Ајакс. Мојот живот се одвива во Португалија и добро се комбинира со оваа улога како надворешен советник“, рече Ван Гал.

Ајакс е во една од најтешките кризи во својата 123-годишна историја, со моментален пласман на 15-то место во лигата. Клубот минатата недела го отпушти спортскиот директор Свен Мислинтат.

Ван Гал е познат како еден од најуспешните тренери на сите времиња, со повеќе од дваесет национални и меѓународни трофеи. Тој ја освои Лигата на шампионите со Ајакс во 1995 година.

ПретходноТурнирот на медиумите и оваа година со интернационален карактер
СледноМакедонските навивачи ги „разграбаа“ билетите за мечот со Украина во Прага