Завршија сите шест мечеви од вечерашната програма во 2.коло во ЛШ. Се чини најинтересно беше на „Сент Џејмс Парк“ каде Њукасл по цели 20 години одигра меч во ЛШ и одигра фантастично, славеше над скапиот тим на ПСЖ со неверојатни 4:1. Невиден кошмар за Мбапе и за останатите “светци“ од Париз.
Со голот на Букари во 88.минута Ц. Звезда дојде до 2:2,до бод. Фантастична атмосфера,преполна “Маракана“,но сепак само бод за “црвено – белите“.
⚽️ 🇪🇺 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Crvena zvezda 2-2 Young Boys | Osman Bukaripic.twitter.com/InBfc1dRqB
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 4, 2023
Барса славеше кај Порто со 0:1,но го загуби Роберт Левандовски кој се повреди. Сеуште не се знае колку ќе паузира.
Сити дојде до победата и тоа каква, и тоа со 1:3 на гости кај Лајпциг. Да се знае кој е кој во овој момент.
На „Сигнал Идуна Парк“ мечот меѓу Дортмунд и Милан заврши без голови, по бод за двата тима.
Лацио со 1:2 го победи Селтик среде Глазгов.
ГРУПА – Е
Селтик –Лацио 1:2
(Фурухаши 12./Вецино 29., Педро 90+6.)
Атлетико Мадрид – Феенорд 3:2
ГРУПА – Ф
Дортмунд – Милан 0:0
Њукасл – ПСЖ 4:1
(Алмирон 17., Барн 39., Лонгстаф 50., Шер 90+1./Хернадез 56.)
ГРУПА – Г
Ц. Звезда – Јанг Бојс 2:2
(Ндиае 35., Букари 88. /Угриниќ 48., Итен 61.)
Лајпциг – Манчестер Сити 1:3
(Опенда 48./Фоден 25., Алварез 84.,Доку 90+2.)
ГРУПА – Х
Антверпен – Шахтјар 2:3
Порто – Барселона 0:1
(/Ф. Торес 45.)