У-15: Македонија повторно поразена од Црна Гора

359

 

Денеска на ФФМ, во вториот пријателски меч на селекциите на Македонија и Црна Гора, за играчи до 15.години,нашите пионери повторно се поразени,исто така со 1:2,како што беше и на првиот меч.

На денешниот меч стрелци на головите беа Џангаровски, од пенал, во 7.минута, а за гостите Кумбуровиќ во 21.минута и Вушуровиќ во 68.минута. Во 60.минута Кумбуровиќ беше исклучен.

За У-15 селекцијата на Македонија денеска настапија: Денковски (Стојановски), Петковиќ, Џангаровски, Атанасов (Георгиевски), Митревски, Масев (Лиотоски), Сталески (Темелков), Лјачка, Папалиски (Мамути), Стојковски (Исламовиќ)

ПретходноСудии за ВМФЛ: Дејан Младеновски повторно ќе и суди на Беса!
СледноМорбидно: Фановите на Ријека со налепници – “Умри Ливаја“!(ФОТО)