Гвардиола воодушевен: Тренер сум 15 години, а ова е најдобриот играч кој сум го тренирал

867

Манчестер Сити го совлада Лајпциг со 3:1 во Лигата на шампионите. Во тимот на „Граѓаните“ беше и 18-годишниот Рико Луис кој со својата игра го воодушеви тренерот Пеп Гвардиола.

Каков играч. Неверојатен, инзонреден. Има 18 години, а може да игра на четири, пет позиции, не се плаши, одличен е во одбрана. Тренер сум 15-години , тренирав неверојатни играчи, но ова е најдобриот кој сум го тренирал“, изјави Гвардиола.

Луис е роден во Манчестер и е од младинската школа на Сити, а во ноември ќе наполни 19 години.

ПретходноШортс е МВП на првото коло во Еврокупот
СледноАнчелоти го прави Чуамени стопер