Алкалоид со фуриозно второ полувреме ја „збриша“ Струга

119

Вицешампионот Алкалоид со убедлива победа во рамките на 5. Коло од домашната Суперлига. На домашен терен во Автокоманда, Алкалоид вечерва беше подобар од Струга со 38:18.

Во меч во кој гостите добро се држеа едно полувреме, Алкалоид беше одличен во вториот дел и од минута во минута постојано ја зголемуваше предноста, за на крајот да го добие мечот со 20 голови предност.

Одличен меч за Алкалоид имаше Александар Петковски кој постигна 7 гола, додека Џонов и Кофиловски застанаа на 5. Кај екипата на Струга со 5 гола најдобри беа Бошњак и Тренчевски.

ПретходноАстон Вила си го сочува „бисерот“
СледноВерстапен со 10. пол-позиција оваа сезона: Тргнува прв на трката за ГН на Катар