Тони Кукоч е во болница. Легендарниот хрватски кошаркар ги загрижи сите откако сподели фотографија на социјалните мрежи од болнички кревет. Засега не се знае која е причината, но се чини дека се работи за операција.
„Голема благодарност до докторите Колман и Мајерс, како и останатиот персонал од болницата Раш, кои се грижеа за мене во последните два дена. Се надевам на брзо опоравување“, порача Кукоч преку својот Инстаграм профил.
Кукоч пред неколку недели го прослави својот 55 роденден и моментално е вработен во Чикаго Булс како консултант. Тој освои три титули во НБА со нив и играше со најдобриот играч досега, Мајкл Џордан. Со Југопластика освои три титули во Евролигата.
View this post on Instagram