Меси се врати на тренинзи, може да истрча нa терен уште овој викенд?

56

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси одработил два целосни тренинзи со својот тим Интер Мајами и покрај најавите дека поради сериозноста на повредата најверојатно ќе остане надвор од тренажен процес до крајот на годината.

Информацијата ја потврди помошникот тренер на Интер Мајами, Хавиер Моралес. Меси ги пропушти последните 4 официјални натпревари за својот нов тим.

ESPN пишува дека Меси би можел да се врати на терен веќе на следниот домашен натпревар од регуларниот дел од сезоната на МЛС против ФК Синсинати. Натпреварот е закажан  за утре.

И Интер Мајами навести можно учество на Аргентинецот на натпреварот објавувајќи негова фотографија на социјалните мрежи со натпис „Се гледаме утре“.

ПретходноГРК Охрид по скалпот на Тиквеш во дербито на колото
СледноВасоски пред дуелот со Шкендија: Порано беше меч за есенска титула, сега се бориме за секој бод