Верстапен трет пат по ред е светски шампион во Формула 1

142

 

Холанѓанецот Макс Верстапен ја одбрани светската титула во Формула 1 шампионатот, поточно трет пат по ред е на престолот по денешната победа на патеката „Лусаил“ во Катар. Верстапен ја заврши спринт трката на второто место што беше доволно за да ја завери новата титула.

Првото место во Катар го освои одличниот Оскар Пиастри од Мекларен. Се беше јасно по 11. Круг кога дојде до тркачки инцидент меѓу Перез и Окон, а двајцата се откажаа па Верстапен сигурно ја приврши трката и освои доволно бодови за третата светска титула.

Третото место го освои Ландор Норис од Мекларен. До бодови дојдоа Џорџ Расел (Мерцедес), Луис Хамилтон (Мерцедес), Карлос Сајнц (Ферари), Шарл Леклер (Ферари), Алекс Албон (Вилијамс).

А Ред Бул на претходната трка во Јапонија ја осигура титулата кај конструкторите.

Инаку утре од 19 часот по македонско време ќе се вози трката за Големата награда на Катар.

 

 

ПретходноОхриѓани ја впишаа првата победа
СледноТиквеш го доби дербито со Охрид и остана перфектен!