Херојот на Милан Оливие Жиру: Се боревме како лавови (ВИДЕО)

272

Ретко виден натпревар се одигра синоќа во Џенова, каде што домаќинот го нагости Милан во рамките од новото коло во Серија А. Доволно е да се опишат последните десетина минути и да се напише сценарио за мини серија. Најпрво Милан преку Кристијан Пулишиќ во 87. минута дојде до водство. На голот му следуваше неколкуминутна ВАР проверка, а откако истиот беше признат, следуваше офанзивата на домаќинот да израмни. Голманот на Милан, Маик Мањан заработи исклучување поради старт надвор од шеснаесетникот па поради исполнетиот број на измени, на голот на Милан застана напаѓачот Оливие Жиру.

И домашните во меѓувреме останаа без голман, поради старт врз противнички играч, а во зенитот на овој хаос, Џенова имаше зицер ситуација, но Жиру фантастично реагираше и тоа на два пати.

„Ова никогаш не ми се случило, но јас сум многу горд на тимот. Успеав да направам одлична одбрана, но имав и голема среќа, благодарение на гредата. Се боревме како лавови и среќен сум поради оваа победа. Калабрија и јас имавме момент на сомнеж, но потоа собрав храброст и затснаав на голот. Сè помина добро и сега сме на првото место во поредокот“, коментираше Жиру по мечот.

ПретходноПрва лига жени: Баскет Кам ја почнува одбраната на тронот!
СледноВо бомбардирањето во Израел загина поранешен фудбалер