Навивачите на Вест Хем можат да бидат мирни: Боувен потпиша до 2030 година

112

Џерод Боувен потпиша нов договор со екипата на Вест Хем.

26-годишниот играч од средниот ред кој годинава блеска во дресот на „чеканите“ потпиша договор до 2030 година.

Боувен му се приклучи на Вест Хем во 2020 година од Хал за 18 милиони фунти.

Во 167 натпревари за „чеканите“, играчот од средниот ред постигна 45 гола, вклучувајќи го и победничкиот во финалето на Конференциската лига против Фиорентина (2:1).

Во деновите додека траеа преговорите и беше неизвесно дали Боувен ќе потпише нов договор со Вест Хем, беше објавено дека за фудбалерот се заинтересирани Ливерпул и Њукасл.

ПретходноЛа Лига има нов рекордер: Јамал најмлад стрелец во шпанското првенство
СледноЧави негодува за поништениот гол на Феликс: Кому му пречеше Феран?