Лунин се повреди, Ребров повика нов голман за мечот со Македонија

150

Голманот на Шахтјор Доњецк, Дмитро Ризник, доби дополнителен повик од селекторот на украинската репрезентација, Ребров за престојниот меч со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Тренерскиот штаб на репрезентацијата на Украина реши да го повика Ризник откако Андриј Лунин заработил повреда на грбот за време на тренинзите во тимот на Реал Мадрид. Инаку, Ребров во репрезентацијата за мечот со нашата репрезентација дополнително го вклучи идефанзивецот на Днипро-1, Александар Сватко.

Украина викендов ги започна подготовките во Прага, каде ќе ја пречека и Македонија в сабота од 15 часот.

ПретходноОдбојкарките на Работнички заминаа за Лугој: Секој освоен сет ќе биде драгоцено искуство
СледноНухиу: Без разлика на ситуацијата кај противникот, ова беше голема победа