Александар Трајковски: Дуелот со Украина е многу важен за нас, одиме по трите бода во Прага!

73

 

Од денеска нашите најдобри фудбалери се на подготовки за тоа што ги очекува овој октомври. А тоа квалификацискиот меч со Украина (14.10) во Прага, во рамките на групата – Ц за пласман на ЕВРО 2024, а потоа следува и пријателската со Ерменија (17.10) во Струмица.

За тоа што може да се очекува пред се од дуелот со Украина, свој коментар има Александар Трајковски:

„Јасно е дека во очекување сме на еден многу важен меч за нас, според мене еден од најважните ако се знае дека во ноември ни следуваат дуелите со Италија и Англија. Треба да се фокусираме на овој меч во Прага, да одиграме најдобро што можеме, се разбира и да победиме“.

Трајковски,како и сите ние сеуште жали по тој меч со Украинците во Скопје:

“Покажавме во тоа прво полувреме со Украина и тоа како квалитет,имавме водство. Доминиравме до таа 60.минута.Ние знаеме дека имаме квалитет, знаеме дека можеме да играме со сите. Ќе треба ако имаме позитивен резултат да издржиме до крај на овој меч со Украина во Прага. Според мене ќе биде добар меч, ние гостуваме ама и за нив ова ќе биде гостување“ вели напаѓачот на Хајдук.

Алекс се надева дека со добрите игри и резултати од последните два меча ќе се продолжи и на следните натпревари:

“На последните два меча имавме позитивни резултати, со Италија дома одигравме нерешено и на гости ја победивме Малта. Се надевам дека ќе продолжиме со тој тренд на добри игри и добри резултати“ заврши Трајковски.

ПретходноБрестовац со две победи дебитираше како селектор на ОАЕ
СледноРепрезентативците на тренинг: Фокусот е кон Украина, тука е и Адеми, во очекување на Елмас, Шишковски, Етеми, Димоски..! (ФОТО)