И Вардар 1961 остана непоразен по шестото коло. Најтрофејниот ракометен тим имаше лесна задача, за противник го имаше младиот состав на Мулти Есенс кого го совлада со 33-24.
Условно кажано домаќинот, отвори со 9-1, додека на другата страна младите ракометари беа во грч. Вардар имапе и 11-2 набрзо, додека на одморот резултатот беше 15-9, откако Мулти Есенс со серија од 4-0 успеа да ја намали двоцифрената негатива.
Второто полувреме беше слично, Вардар доминираше, одржуваше двоцифрена предност до пред самиот крај, Мулти Есенс на момент успеа да ја намали двоцифрената негатива.
Николиќ со осум гола беше лидер кај победникот, на другата страна Карасманакис имаше седум погодоци.










