ЦЕВ Челинџ Куп: Работнички поразен во првиот меч со Лугој

164

Македонскиот одбојкарски шампион во женска конкуренција, Работнички Скопје, загуби со максимални 3:0 ( 25:18, 25:15, 25:17) во првиот од двата меча во воведното коло од Челинџ Купот на ЦЕВ кои ќе се одиграат во Романија.

На денешната прва средба од двете на кои домаќин ќе биде минатогодишниот финалист на ова натпреварување, екипата на Лугој, Романките покажаа дека имаат состав за највисоки дострели. Предводени од Азербејџанката Рубан која заврши со 12 поени, успеаја во трите сета да направат разлика која им донесе мирна завршница на сетовите.

Кај Лугој Вукчевиќ заврши со 11 поени, додека во составот на нашиот првак се истакна Тамара Стојанова со 12 поени, додека Баталаковска заврши со 9 поени.

ПретходноМакедонија спремна за победа во Прага (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМарко Ван Бастен: “Оној Шутало не знае ни збор англиски!“