Шпанија без младата супер-ѕвезда на Барселона за дуелите со Шкотска и Норвешка

179

Младата ѕвезда на Барселона и на шпанскиот фудбал, Ламин Јамал ​​поради повреда ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Шпанија во квалификациите за Европското првенство.

Федерацијата соопшти дека тестовите утврдиле дека 16-годишниот Јамал ​​нема да може да игра против Шкотска во четврток и против Норвешка во недела.

Тој беше заменет во второто полувреме на натпреварот против Гранада во неделата, а каталонскиот клуб соопшти дека се здобил со повреда на колкот.

Минатиот месец Јамал ​​стана најмладиот играч кој заиграл за Шпанија.

ПретходноЕдинствениот центарфор на Челзи мораше на операција
СледноФранција му даде поддршка: Коле останува селектор до ЛОИ 2024