Франција му даде поддршка: Коле останува селектор до ЛОИ 2024

71

Селекторот на француската кошаркарска репрезентација Винсент Коле ќе ја задржи функцијата најмалку до летото 2024 година, кога ќе се одржат Олимписките игри во Париз. Ова денеска беше објавено на веб-страницата на Француската кошаркарска федерација.

Раководството на федерацијата е подготвено да му прогледа низ прсти на Коле за неуспехот на репрезентацијата на последното Светско првенство 2023 година, бидејќи смета дека селекторот има извонредна способност „брзо да се враќа“ по шоковите.

Француската репрезентација на сензационален начин не успеа да ја надмине групната фаза на Светското првенство, по што тимот беше погоден со низа критики.

ПретходноШпанија без младата супер-ѕвезда на Барселона за дуелите со Шкотска и Норвешка
СледноФијаско на МЗТ Скопје на стартот на АБА2-лига!