Велшкиот фудбалски стратег Крис Колман ја напушти позицијата во Атромитос Атина поради лошите резулати на почетокот на сезоната. Атромитос нема победа по првите седум кола во Супер лигата и со три поени го држи 12-тото место од 14 екипи.
Колман беше назначен за тренер на Атромитос во јануари 2022 година кога клубот беше во слична ситуација, а Велшанецот успеа да го извлече од преселба во второлигашки ранг. Но лошиот одработен преоден рок донесе до лош старт на сезоната.
Сопственикот Јоргос Спанос му даде на Велшанецот време да ја поправи ситуацијата, но поразот од Панатинаикос со 5:0 ја прели чашата и тоа значеше обостран раскин на договорот.
Инаку Колман беше селектор на Велс и го однесе до полуфинале на ЕП 2016. Исто така работеше и во Сосиедад, Сандерленд и во кинески Хебеи.
FOTO> https://twitter.com/atromitos1923