Меси со најновата одлука ги фрли во очај фановите на Барселона

770

Лионел Меси одново е во центарот на вниманието. Откако Аргентинецот со Интер Мајами не успеа да обезбеди место во плеј-офот во МЛС-лигата, повторно почнаа шпекулациите дека постои шанса да го облече дресот на Барселона.

Сепак брзо пристигнаа разочарувачки вести. Лионел Меси не планира за време на паузата да се врати во Барселона на позајмица, не планира ниту да заигра за С.Арабија, каде шеиците беа подготвени да направат нов обид да го донесат.

Аргентинецот ќе се врати на терените во јануари 2024 година кога Интер Мајами ќе ги продолжи подготовките за новата сезона во МЛС.

Инаку, Меси има договор со Интер до 2025 година и планира да го дочека до крај.

ПретходноЗаврши грчката одисеја за легендата на Велс
СледноЛукаку имал бурно лето: Во еден момент мислев ќе експлодирам