Репрезентација бара селектор преку оглас, нуди 50.000 долари месечна плата

1133

Фудбалската федерација на Костарика веќе четири месеци е во потрага по нов селектор после отказот на Луис Фернандо Суарез. Моментално со националниот тим работи Клаудио Вивас, но од Федерацијата бараат постојано решение, па одлучиле тоа да го направат на оригинален начин – преку оглас на шпанскиот портал „Фудбал џобс“ (Futbol Jobs) .
Во огласот напишале дека нудат плата од 50.000 долари месечно со дополнување дека Федерацијата е подготвена и за промена на условите доколу кандидатот е спремен да ја предводи репрезентацијата.
До сега 22 тренери се пријавиле на огласот, а од Федерацијата ќе одберат со кои ќе почнат преговори. На последното СП 2022, Костарика заврши последна во групата.

ПретходноИ Тонали и Заниоло вмешани во обложувачки скандал
СледноРепрезентативците делеа автограми на аеродромот во Прага (ФОТОГАЛЕРИЈА)