Роналд де Бур удри по поранешниот клуб: „Oд лајно не се прави чоколадо“

402

Една од легендите на Ајакс, Роналд де Бур ја анализираше комплицираната ситуација во холандскиот гигант во подкаст на „Фудбал интернешнл“. Неочекувано Ајакс има само пет бода од шест кола, како и пет меча без победа од кои три по ред порази. Затоа е на 16-тото место (од 18 екипи) на табелата.
Загрижен сум, не знам каде ова оди. Можеби сум суров, но не можеш да направиш чоколадо од лајно. Го гледав мечот со АЗ Алкмар и поразот од 1:2. Тоа беше многу лоша игра“, објасни Де Бур.
Тој објасни дека играчите не се виновни за оваа ситуација.
Немам ништо против момците кои дојдоа летоска. Тие се среќни што играат за Ајакс, но не можеш да донесеш толку второразредни фудбалери со мислата дека тие ќе заиграат на највисоко ниво. Сите мислат дека во наредните 20 години постојано ќе играме со Баерн или ПСЖ. Сето ќе исчезне и затоа боли“, додаде тренерот.

ПретходноЅвездата во Ла Лига: Моите родители морале да ја пијат сопствената урина за да преживеат!
СледноИ Тонали и Заниоло вмешани во обложувачки скандал