Сити му нуди на Крос 13 милиони фунти годишно!

182

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, најверојатно следното лето ќе си оди од “Сантијаго Бернабеу“. Германецот сега има 33 години и со оглед на тоа дека во јуни му истекувба договорот, а Реал нема намера да го продолжи тоа значи дека ќе мора да си бара нова средина.

Па така деновиве во медиумите на Островот се шпекулира дека Манчестер Сити е силно заинтересиран за услугите на искусниот Крос и му нуди неверојатна годишна плата од 13 милиони фунти.

Сега останува да се види дали Крос истата понуда ќе ја прифати. Инаку интересно е тоа што за разлика од голем број на играчи тој истакна дека никогаш не би заиграл во С. Арабија, ако се знае дека и од повеќе клубови од таа земја тој има постојано понуди.

ПретходноАтанасов среќен поради триумфот, Радуловиќ незадоволен од нивото на игра
СледноСидорчук: Бодовите од мечот со Македонија ни требаат задолжително!