Фаџоли за една година уплатил повеќе од 100.000 евра во обложувалниците

1084

Италијанска „Ла Република“ денеска објави нови детали за обложувачкиот скандал во кој се истакнува името на фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли.

Претходно, играчот од средниот ред на Јувентус потврди дека се обложувал на фудбалски натпревари, а неговите адвокати им кажале на истражителите дека играчот страда од зависност од коцкање.

Според весникот, Фаџоли уплатил неколку стотици илјади евра само во последните година и пол. Истрагата смета дека тој се обложувал како обичен уплаќач и нема знаци на учество во местење натпревари.

Италијанскиот репрезентативец целосно ќе соработува во истрагата за да го намали периодот на евентуална суспензија. Беше објавено дека на фудбалерот му се заканува казна од најмалку три години.

ПретходноКавадарчани славеа на тест-меч во Неготино
СледноМанчестер Ј. покрена внатрешна истрага по бројните повреди на играчите оваа сезона