Иако е само претсезона, Брукс не може без валкани потези (ВИДЕО)

189

Дилон Брукс не мирува. Минатата сезона војуваше со Леброн Џејмс, за време на СП го провоцираше Лука Дончиќ, се појави со боксерски ракавици зад сцена, а сега на дебито за Хјустон повторно приреди нов хаос.

Тој за време на претсезеонскиот меч го удри германскиот центар Тајс и тоа во меѓуножјето и поради тоа е казнет. За овој неспортски чин доби казна од 25.000 долари, но Канаѓанецот лесно ќе плати за тоа. По разделбата со Мемфис, тој потпиша договор со Хјустон за 20.000.000 долари годишно, па оваа парична казна нема да биде ништо страшно за него.

Сепак, со оглед на тоа што беше исфрлен само четири минути и 33 секунди по почетокот на дебитантскиот натпревар за Рокитси, сигурно е дека ќе има уште казни и дека канадскиот кошаркар сепак ќе мора да плати. Погледнете го инцидентот поради кој беше исфрлен од игра и казнет:

ПретходноМартин победи во спринтот во Индонезија и сега е лидер!
СледноПознати се составите: Македонија со истите единаесет како против Италија, само Серафимов место Зајков!