Интер доби 7,5 милиони евра од ФИФА поради Ериксен

798

ФИФА со години наназад исплаќа компензации на клубовите, доколку некои нивни играчи се повредат за време на настапите за репрезентациите. Пари се даваат само доколку фудбалерите поради повреда отсуствуваат не помалку од четири седмици и не повеќе од една година.

За време на ЕУРО 2020 се повредија 30 фудбалери од 18 репрезентации. Од нив само осум ќе бидат надвор од терените повеќе од еден месец, а рускиот фудбалер Јури Жирков нема клуб и за неговата повреда нема да се исплати компензација.

Општата сума која ќе биде исплатена на клубовите е 16,7 милиони евра. Од тие пари 7,5 милиони евра ќе отидат кај Интер како компензација за нивниот играч Кристијан Ериксен. Тоа ќе покрие голем дел од расходите во клубот, како и дел од годишната плата на данскиот репрезентативец.

Данецот преживеа драматични моменти на мечот со Финска од 1.коло, буквално беше спасен од смрт. Сега тој е во добра состојба, но не е сигурно дали ќе може да продолжи да игра фудбал.

Напаѓачот на Франција и Барселона, Осман Дембеле се повреди на ЕУРО 2020 и првите прогнози се дека ќе паузира четири месеци. За него Барса ќе добие 3,2 милиони евра.

ПретходноИталија никогаш не изгубила од Англија на големите турнири!
СледноАнглија има импресивен ефект на „Вембли“, но Италија доаѓа со серија од 33 меча без пораз