Е. Пелистер рутински до убедлива победа против Прилеп!

47

Во меч од 7.коло во групата – Б во нашата ракометна Суперлига, тимот на Е. Пелистер пред своите фанови успеа убедливо да го победи тимот на Прилеп со 42:29 (18:14).

Ова беше шеста победа на шампионот, кој во целост ја оправда улогата на апсолутен фаворит во “Пелагониското дерби“.

Освен во првиот дел, кога во еден период имаа резултатски егал од 8:8, гостите од Прилеп едноставно не можеа да му се спротистават на далеку поквалитетниот тим.

Посебно во второто полувреме тимот на Е. Пелистер се разигра, само прашање беше со колкава разлика ќе го добие овој меч.

Најефикасни на овој меч беа Костески и Ѓорговски, кај Е. Пелистер, со по 9 голови, додека кај гостите Квастек постигна 10 гола.

ПретходноУрнебесно: Ѕвездата на Тотенхем се “брукаше“, па Мегваер дојде да помогне! (ВИДЕО)
СледноБрегалница во пријателски меч го победи Детонит!