Артурс Жагарс се здоби со страшна повреда на стартот на сезона. Летонскиот плејмејкер кој блескаше на последното Светско првенство го повреди коленото и ќе биде долго време надвор од терените.
Тој се повреди на пријателскиот меч меѓу неговиот тим БЦ Волфс и Лијеткабелиса. При еден пробив кон противничкиот кош, незгодно згазна и ги скина лигаментите на коленото.
Жагарс имаше 12,4 поени, 2,6 скока и 7,4 асистенции по натпревар на Мундобаскетот. Летонскиот репрезентативец постави рекорд по број на асистенции, подели 17 на дуелот против Литванија. Летонија, Светското првенство го заврши на петото место.
Latvian wonderboy Arturs Zagars suffers what seems to be a severe knee injury 🙏
🎥 @betsafeLKL pic.twitter.com/lYj7YzHG9t
— BasketNews (@BasketNews_com) October 14, 2023