Швајцарија се извлече од пораз вечерва во квалификациите за Европското првенство 2024. Вечерва во Ст.Гален ремизираше со Белорусија 3:3 и покрај тоа што на полувреме имаше водство.
Џердан Шаќири ја доведе Швајцарија во предност, а во второто полувреме Белорусија свртеа преку головите на Ебонг и Полјаков од 61. до 69. минута. Во финишот офанзивецот на БАТЕ, Дмитри Антилевски постигна гол кој беше признаен по проверка поради можен офсајд за тогаш 1:3. Во 89. и во 90. минута Швајцарците стигнаа до бод. Прво погоди дефанзивецот Аканџи, а по него гол даде играчот за врска на Барнли, Зеки Амдуни за конечни 3:3.
Швајцарија е лидер со 15 бода по 7.кола, а втора е Романија со 13 бода. Израел е трет со 11 бода но и меч помалку. Следуваат Белорусија со 8 бода од 8 меча, Косово и Андора со 7 односно 2 бода.
⚽️ 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Switzerland 1-1 Belarus | Max Ebongpic.twitter.com/Rco7MP1s2X
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 15, 2023
Big Shock for 🇨🇭
⚽️ 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Switzerland 1-2 Belarus | Denis Polyakov
🅰️ Kirill Pecheninpic.twitter.com/GR4iu6zChs
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 15, 2023
⚽️ 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Switzerland 2-3 Belarus | Manuel Akanjipic.twitter.com/Mk4KiCATKn
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 15, 2023
⚽️ 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Switzerland 3-3 Belarus | Zeki Amdounipic.twitter.com/k8f36CNBY0
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 15, 2023
Репрезентацијата на Чешка ги совлада Фарските Острови со 1:0. Чесите беа огромни фаворити во дуелот со последнопласираната селекција во групата, а успеаја да го скршат отпорот на противникот во финишот. Михал Садилек во 4.минута ја погоди левата статива, а истото го направи и Адам Хложек во 35.минута.
Во 74 минута Фаеро играше со рака во сопствениот шеснаесетник и судијата покажа пенал. Томас Соучек погоди од белата точка за победа на Чесите.