Данецот Торуп е нов тренер на Аугзбург

82

53-годишниот дански стручњак Јес Торуп е нов тренер на германскиот бундеслигаш Аугзбург.

Тој потпиша договор според кој ќе остане на кормилото на клубот до крајот на јуни 2025 година. На клупата ќе го наследи Енрике Масен со кого Аугзбург раскина минатата недела.

Торуп во кариерата имаше успех работејќи со Митјиланд, Гент и Копенхаген, а работеше и како селектор на данските репрезентации до 20 и 21 година.

„Имав многу плодни и значајни разговори со луѓето од клубот и сфатив дека Аугзбург е вистинскиот чекор за мене. Клубот и тимот имаат многу потенцијал, ќе ми биде големо задоволство да работам во Бундеслигата како тренер на Аугзбург“, рече Торуп.

ПретходноБарселона ќе го откупи договорот на Жоао Феликс
СледноПалестина своите натпревари од квалификациите за СП 2026 ќе ги игра во Алжир