Францускиот интернационалец во дресот на Реал (М), Едуардо Камавинга признава дека не сака да игра како лев бек, позиција која во повеќе наврати му е доверена во клубот.
„Секој ден ме прашуваат за тоа. Јас сум некој што игра за тимот и кога сум потребен тоа и ќе го направам. Никогаш не сум играл на оваа позиција претходно, но се адаптирав и за француската репрезентација и за Реал Мадрид. Таа позиција не ми се допаѓа, но мислам дека сите го знаат тоа, ако треба да играм таму, ќе играм. Сепак, јас се уште сум играч од средниот ред“, потенцира Французинот.