У-19: Македонија денеска го заверува пласманот во елитната фаза квалификации!

630

 

Нашата репрезентација до 19.години денеска против Казахстан го завршува квалификацискиот турнир во Полска. Имаме голема шанса да се најдеме во елитната фаза квалификации. По првите две кола момците на селекторот Тони Јакимовски имаат 3 бода, исто како и домашната селекција на Полска, која денеска игра со моќната Германија која е прва на табелата со 6 бода и е веќе во следната фаза. Тоа да се случи има неколку варијанти. Но ако Македонија победи со последно пласираната на табелата. селекцијата на Казахстан, ние и дефинитивно сме втори, нема да не интересира што ќе се случува на дуелот Германија – Полска. На тој меч ако победат Германците тогаш нам би ни одговарало да одиграме и реми.

Но математиките на страна. Против Полска кога победивме и против Германија, кога загубивме, покажавме и тоа како квалитет.

 ДЕНЕСКА, 15:30 Ч

Казахстан – Македонија

Полска – Германија

ТАБЕЛА

1.Германија 6

2.Македонија 3

3.Полска 3

4.Казахстан 0

ПретходноВо ПСЖ се неуморни кога станува збор за Мбaпе, следната недела го прават последниот обид!
СледноВлета во терен за да направи фото со Роналдо (ВИДЕО)