Александар Вучиќ: Едвај чекам натпревар меѓу Ц. Звезда и Динамо Загреб, Хрватите немаат шанси!

1246

Познато е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е голем фан на Ц. Звезда. Во својата младост бил член и на навивачката група “Делии“, а и сега, како прв човек на државата не крие дека навива за неговата Ц. Звезда.

Тој во последно време во неколку наврати истакнал дека во моментов Ц. Звезда е најдобриот или најголемиот клуб на Балканот, и дека конечни го презема приматот на Динамо Загреб.

Исто така посочи дека едвај чека меч меѓу овие две екипи:

Искремно едвај чекам натпревар меѓу Ц. Звезда и Динамо Загреб. Мислам дека Динамо тука нема шанси, секако дека победа би извојувала Ц. Звезда“ рече покрај другото Вучиќ.

ПретходноКанатларовски и надежите загубија кај еден од најслабите во групата (видео)
СледноПоранешен судија ќе биде прв човек на шпанскиот фудбал