У-19: Германија ја однесе Македонија во елитната фаза!

2048

Готово е. Селекцијата на Македонија до 19.години избори пласман во елитната фаза во квалификациите за ЕП. Денеска во двата трилер меча, од последното коло на турнирот во Полска, Македонија и Казахстан ремизираа 1:1, а Полска одигра со Германија исто нерешено со 3:3. И благодарение на Германците, кои израмнија со гол во 83.минута на Пејчиновиќ, нашите момци завршија втори во групата.

Македонија одигра 1:1 со Казахстан во последниот меч во квалифициската група 5, но и тоа беше доволно да завршиме на второто место и да избориме пласман во следната рунда, во елитната квалификациска фаза.

Противникот водеше со голот на Мухаметканов во 25.минута, а ние израмнивме во 81.минута со голот на Зенделовски.

По првите полувремиња беше лоша нашата ситуација, Казахстан водепше и Полска водеше со Германија, во тие моменти ние бевме последни на табелата, но се е добро што добро ќе се заврши.

ТАБЕЛА

1.Германија 7

2.Македонија 4

3.Полска 4

4.Казахстан 1

ПретходноМилевски: Овие фудбалери се најдоброто што Македонија го има
СледноПетраков: Македонија нѐ натера да играме дефанзивно