Фудбалерите на Казахстан направија големо изненадување и ја совладаа Финска во Хелсинки со 2:1 во осмото коло од групата Х квалификациите за Европското првенство во Германија и ги вратија надежите за сензационално учество на ЕП следната година.
Оваа победа освен што е одмазда за поразот кој Финска им го нанесе на домашен тере, за Казахстанците значи и останување во игра за едно од првите две места на табелата, откако сега имаат бод помалку и меч повеќе од Словенија и Данска.
Во ноември ги очекуваат натпреварите против Сан Марино и Словенија и сами ќе си ја решат судбината, доколку Словенија не освои шест бода на гостувањата против Северна Ирска и Данска.