Младата фудбалска репрезентација на Македонија успешно го мина првиот филтер од квалификациите за ЕП и успеа да се пласира во елитната група од квалификациите.
Избраниците на Тони Јакимовски, денеска одиграа 1:1 во третото коло на турнирот во Полска против селекцијата на Казахстан, и поради ремито на Полска против Германија 3:3, само поради подобриот меѓусебен скор обезбедија место во следната рунда. Успехот е забележителен, а и нашите нови надежи не пропуштија шанса да го прослават.