Францускиот шампион Пари Сен Жермен има намера да му понуди нов договор на Килијан Мбапе, и покрај изгледите тој да биде одбиен.
На крајот на минатата сезона, стана јасно дека францускиот репрезентативец ги известил челниците на ПСЖ дека има намера да го напушти „Паркот на принцовите“ со слободен трансфер во 2024 година. Таа одлука веднаш беше оспорена од ПСЖ, кој се надеваше дека нивниот највреден имот ќе потпише барем едногодишно продолжување за да се осигура дека нема да го загубат без пари.
Откако се врати во тимот, Мбапе игра во одлична форма и има осум гола на девет натпревари. Сепак, остануваат шпекулациите дека тој ќе потпише за Реал Мадрид во јули, а тоа официјално ќе може да го стори тоа веќе во јануари. Сепак, ПСЖ се уште се надева дека ќе го убеди играчот да го обнови договорот, дури и само до 2025 година, што на клубот ќе му донесе средства од неговото заминување во Мадрид. Понудата за едногодишно продолжување ќе му биде претставена на Мбапе веќе следната недела.