Барселона го „преживеа“ Белград, Фенер го „реши“ ПАО

138

Во жешка атмосфера и пред 18.000 гледачи, Барселона го „преживеа“ гостувањето во Белград и славеше против Партизан со 92:83 во првиот вечерашен дуел од новото коло на кошаркарската Евролига. Втор пораз на Партизан во Евролигата сезонава, кој беше резултат на одличната игра на гостите во рекетот, но и подобриот шут за три поени кој го имаа на денешниот дуел.

„Црно-белите“ не успеаја да се вратат во завршницата на мечот иако успеаја да дојдат и до пристојна негатива од 5-6 поени. Барселона знаеше што сака и мудро го приведе мечот до триумф.

Нанели беше најрасположен кај домашните со 14 поени, Дузер додаде 13, а Ледај 12. На спротивната страна Лапровитола имаше 20 поени, дури шест тројки, а Вили Ернангомез постигна 15.

Во вториот меч кој се одигра досега, екипата на Фенербахче во една доминантна партија на домашен терен славеше над Панатинаикос со убедливи 83:69.

Најдобар поентер во составот на Фенер беше Папајанис со 15 поени, додека Монтли постигна 14.

ПретходноУ19: Надежите со „Бисер балкански“ го славеа пласманот во елитната рунда (ВИДЕО)
СледноМајнц го избрка холандскиот фудбалер кој објави антисемитски пораки на Инстаграм