Реал му даде договор на 16-годишниот син на својот починат играч

832

Хозе Антонио Рејес Лопез, 16-годишниот син на починатиот поранешен играч на шпанската репрезентација, го потпиша својот прв договор со Реал Мадрид. Пред само неколку дена го прослави својот 16-ти роденден.

Синот на Хозе Антонио Рејес пристигна во фудбалската школа на Реал како 11-годишник, набргу откако неговиот татко трагично загина во сообраќајна несреќа. Младиот напаѓач го воодушеви раководството на клубот, кое му го даде првиот професионален договор.

Хозе Антонио Рејес имаше блескава кариера која ја изгради играјќи за Севиља, со која три пати ја освојуваше Лигата на Европа, Арсенал, чиј шампионски непоразен тим беше дел во сезоната 2003/2004, Реал Мадрид со кој беше во сезоната 2006/2007 ја освоу титулата. Тој беше дел од Атлетико Мадрид, со кој двапати ја освои титулата во Лига Европа.

Загина во 2019 година во сообраќајка несреќа, првата информација беше поради брзо возење и изгубена контрола над возилото, а потоа се потврди дека истото било во дефект.

ПретходноМеси: Барса на Пеп е најдобриот тим во историјата, Аргентина е близу!
СледноПикси со порака: Бугарите ќе сакаат да ме сопнат, но таа опција не постои