Битола се подготвува за Вардар!

557

Додека Пелистер ги прави последните подготовки за утрешната пресметка со ППД Загреб во рамките на петото коло во Лигат на шампиони, во Битола се подготвуваат за она што ќе следи викендот што доаѓа.

Во салата „Боро Чурлевски“ гостува Вардар 1961, тим кој двапати го совлада актуелниот македонски првак, еднаш во Супер-купот и еднаш во во домашниот шампионат.

Билетите за оваа средба од денеска ќе бидат пуштени во продажба по цена од 200 и 250 денари.

Нема дилеми дека трибините ќе биде исполнети до последното место, се чека прва победа на Пелистер во пресметките со вечниот ривал Вардар оваа сезона.

ПретходноИталијанците во „тесно“, Македонија пак може да им пресуди: Не се плашиме!
СледноШокантно: Тонали се обложувал на мечеви на Милан и кога бил негов фудбалер!