Верстапен му се закани на Ред Бул: Ако си оди Марко, си одам и јас!

1121

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, му соопштил на раководството на австрискиот тим Ред Бул дека ќе го напушти тимот доколку консултантот Хелмут Марко биде принуден да го напушти на крајот на сезоната.

Според изворот, холандскиот возач не е задоволен од внатрешната борба за моќ во Ред Бул меѓу менаџерот Кристијан Хорнер и консултантот Хелмут Марко и јасно им ставил до знаење на сопствениците на тимот дека ако Марко мора да замине и тој ќе си оди.

Претходно, самиот Марко рече дека по смртта на основачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, започна борбата за прераспределба на овластувањата во тимот.

ПретходноШекил прогнозира: Далас и Дончиќ ќе бидат шампиони
СледноБарса објави оглас за вработување со цел да ги намали повредите!