ПСЖ го доби дербито со Алборг, Целје 13-ти пат по ред е поразен од Барса

121

Во рамките на 5.коло од Лигата на шампионите тимот на Пари Сен Жермен на свој терен го совлада Алборг со 33:30. Победникот беше решен во последните минути кога парижани направија пресврт и ја сочуваа до крајот.

ПСЖ стигна до четвртата победа во ЛШ сезонава, а Алборг остана со само две победи.

Најефикасен кај ПСЖ беше Пранди со осум гола, а кај Алборг Хансен со седум.

А Целје стана редовен пациент на Барселона. Словенечкиот тим по 13-ти пат по ред губи од „Каталонците“. Вечерва на свој терен со 31-37. Тројца ракометари кај Барса постигнаа по пет гола и тоа Меме, Ване и Јанц. Кај Целје шест гола постигна Млакар.

А дански ГОГ го победи Монпеље со 32-27.

Во оваа група Б, Барселона има пет од пет, а ГОГ е втор со скор од четири победи и еден пораз.

 

ПретходноШестминутна „суша“ на Црвена Звезда за пораз од Монако
СледноСрна стана тренер на Шахтјор и порача: Не сум Гвардиола, но…