Каде оди фудбалот? Прашање за милион долари. Имено денеска беше објавено дека Барселона на „Ел Класико“, кое ќе се игра на 28 октомври, ќе настапи и тоа како со уникатни дресови. На предна страна ќе биде логото на мега популарниот бенд Ролинг Стоунс. Тоа денеска и официјално го промовираа Мик Џегер и останатите членови на групата.
Звучи интересно, но ете, тоа е тоа.
Поставувањето на логото се совпаѓа со објавувањето на новиот албум на бендот по цели 18 години.