Она што се очекуваше, тоа попладнево и се оствари. УЕФА официјализираше дека мечот, од квалификациите за ЕВРО 2024, меѓу Белгија и Шведска, кој при резултат 1:1 беше прекинат на полувремето поради терористичкиот напад во Брисел, нема да се доигрува. Тоа значи дека и двете селекци ќе добијат по бод.
Велиме очекувано зошто во изминатите два дена од двете репрезентации беше кажано дека и тие се сложуваат овој натпревар да не се доигрува, па на УЕФА и беше лесно да донесе одлука.