Конте: Како тренер си давам оценка 8,5 од можни 10

155

По заминувањето на Тотенхем во март 2023 година, Антонио Конте е без работа. Италијанскиот тренер е сериозен околу својата тренерска кариера и чека добра понуда пред да се впушти во нова авантура. Во интервју за „Раи“ тој се самооцени како тренер.

Јас сум многу директен и ми се допаѓаат луѓето кои се како мене. Јас сум малку ранлив и не сакам лаги. Можам да бидам многу импулсивен и нетрпелив во некои ситуации.

Како играч би се оценил со 8 од 10. Како тренер би се оценил со 8,5. Но, мислам дека се уште сум млад и можам да го подигнам овој резултат. Имав добра техника, но не бев талентиран како Алесандро Дел Пјеро или Зинедин Зидан.

Во иднина би сакал да бидам во ситуација да можам да испишувам историја, вклучително и во Европа“, рече Конте.

Претходно, Италијанецот зборуваше за што најмногу жали во својата тренерска кариера.

Најмногу жалам што го напуштив Јувентус од Торино по три години во тимот. Решив да заминам кога малите проблеми почнав да ги доживувам како големи“, изјави Антонио Конте.

 

ПретходноСтојановиќ го објави списокот на ракометари за пријателските мечеви со Турција
СледноДабл-дабл на Димитријевиќ во новата убедлива победа на Уникс