Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали може да биде казнет со дури 16 месеци неиграње поради нелегално обложување, пренесуваат италијанските медиуми. Се очекува официјалната одлука да биде донесена идната недела, а покрај споменатите 16 месеци Тонали се соочува и со уште толку условна казна.
Со оглед дека за споменатиот прекршок суспензијата е три години, младиот фудбалер на Њукасл, претходно на Милан, може да биде среќен што помина „само“ со толку. Ако ова биде потврдено тогаш него ќе го нема на терените најмалку до 2025 година.
Тонали призна дека се обложувал на фудбалски натпревари, дури и на натпревари на неговиот клуб Милан. Негова одбрана е дека се работело за натпревари на кои тој не бил во составот.
Фаџоли веќе доби суспензија од седум месеци, а се чека и конечна пресуда за Никола Заниоло, а неофицијално на него ќе му биде изречена парична казна.