Екипата на Тиквеш се врати на победите во Суперлигата по поразот од Алкалоид минатото коло. Кавадарчани на гостински терен славеа триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 27-32 и со тоа ја запишаа седмата победа сезонава во осум кола.
Тиквеш отиде со +3 разлика на полувреме (13-16). Во вториот дел го контролираше и натпреварот и резултатот и на крајот заслужено победи.
Кај гостите најдобри стрелци беа Страхиња Симиќ и Мирко Мајиќ со по седум голови, кај Пелистер Мирче Калајџиовски даде пет, а Митревски и Хаџиќ по четири.