Колштад му го зеде скалпот на Кил, Сагосен без милост (ВИДЕО)

101

Колштад дојде до голема победа во својата дебитанска сезона во Лигата на шампиони. слави голема победа. Норвешкиот тим кој се бори со финансиска криза на домашен терен го совлада Кил со 34-30 нанесувајќи му го првиот пораз оваа сезона.

Во центарот на вниманието беше Сандер Сагосен. Против својот некогашен тим немаше милост. Норвешкиот репрезентативец постигна осум гола од девет обиди, заедно со Гудјонсен кој запиша десет погодоци беа нерешлива енигма за противникот. Во редовите на Кил, Екберг постигна десет гола, премалку за победа.

Со победата број три, Колштад е на третото место во групата А, каде ПСЖ е лидер пред Кил. ППД Загреб се искачи на четвртото место пред Алборг, кој има исто пет бодови, следат Кјелце и Пик Сегед, кој во овој момент ја почнуваат пресметката.

Во групата Б, Веспрем славеше против Висла Плоцк со 28-21.

ФОТО: eurohandball

ПретходноНов пораз за македонскиот првак во ЛШ: Пелистер распарчен во Загреб
Следно„Ко то тамо пева“…