Димитријевиќ по рекордната вечер откри зошто го одбрал Уникс пред евролигашките понуди!

902

Ненад Димитријевиќ во новата сезона продолжи онаму каде што застана претходната. Македонскиот репрезентативец во првите три меча е вистински лидер на бранителот на титулата во ВТБ-лигата, Уникс.

Синоќа неговиот тим дојде до нова убедлива победа, овој пат против Уралмаш (94-67), а Димитријевиќ беше стрелец на 12 поени и 14 асистенции. Со бројот на поделени топки, тој постави негов личен рекорд.

Нено за тамошните медиуми го искоментира неговиот скор на мечот, зошто го одбрал Уникс и покрај понудите од евролигашките тимови.

„Остваривме голема победа, бевме максимално сконцентрирани и во нападот и во одбраната“, започна Нено.

Она што е доста интересно што тој 10 од 12 поени ги постигна од линијата за слободни фрлања.

„Слободните фрлања се најлесните шутеви во кошарката, затоа сум среќен што имав шанса да добијат десет. Што се однесува до асистенциите и мојот личен рекорд, би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи кои ми овозможија да дојдат до ова остварување. Имам одлични соиграчи кои реализираа отворени шутеви. Многу сум среќен за тоа“, коментира Димитријевиќ, кој поради повееда и вирус морал да биде надвор од тренанжен процес.

Уникс ја брани титулата, а Нено беше прогласен за МВП на финалната серија.

„Среќни сме што ја освоивме титулата, последната сезона е речиси историска. Но, започна ново првенство и мора да газиме цврсто по земја и да работиме како претходно. Одигравме три добри меча, особено во одбраната. Се надеваме дека ќе продолжиме така“.

Димитријевиќ не ги откри имињата на евролигашките тимови кои испратиле понуда, но откри зошто останал во Уникс.

„Не се важни имињата на тимови кои ме сакаа. Најважното е дека бев среќен во Уникс, затоа и останав. Во Казан се чувствувам како дома, сите ме почитуваат, докажав дека можам да играм на високо ниво и да бидам лидер. Среќен сум што донесов ваква одлука, се надевам дека ќе успееме да ја одбраниме титулата, тоа е нашата цел“.

ПретходноПознат е наследникот на Анчелоти, „Посебниот“ се враќа во Реал?
СледноИталијанците објавија видео: Тренерот на Јувентус фатен во казино како се обложува на натпревари?