За ПСЖ одигра само 132 минути, а неговиот дрес се продава повеќе од оној на Мбапе

328

Францускиот новинар Абдела Булма објави кој играч го има најпродаваниот дрес на ПСЖ. На врвот има изненадувачко име бидејќи многумина веруваа дека дресот на Килијан Мбапе е најпродаван, но информациите велат сосема нешто друго.

„Јужнокорејецот Канг-Ин Ли е играчот на ПСЖ со најмногу продадени дресови со неговото име. Мбапе е малку зад него“, објави Булма.

Вистинско лудило владееше во Јужна Кореја кога Ли во јули дојде во ПСЖ од Мајорка за 22 милиони евра. Илјадници навивачи стоеја во долги редици за да купат дрес со неговото име. Околу 70 отсто од дресовите на ПСЖ продадени во Сеул го носат името на Ли.

22-годишниот фудбалер одигра само 132 минути за ПСЖ, откако заработи повреда веднаш по пристигнувањето во Париз.

ПретходноИталијанците објавија видео: Тренерот на Јувентус фатен во казино како се обложува на натпревари?
СледноМожни главоболки за Гвардиола, Реал сака да му земе играч од 80 милиони евра