Пеп со предлог: Секоја година една „Златна топка“ за Меси, а другата за сите останати!

289

Пеп Гвардиола, менаџерот на европскиот првак на прашањето кој ја заслужува “Златната топка“ за минатата сезона, тој одговори сосема логично, или пак така се мисли.

Имено познато е дека Лео Меси веројатно ќе ја добие и сега, а прашање што со Ерлинг Халанд, ако се знае дека тој беше најзаслужниот што Манчестер Сити ја освои тројната круна.

Впрочем еве го одговорот на Пеп Гвардиола:

Секоја година треба да се доделуваат две „Златни топки“, едната секако да му се додели на Лео Меси а за втората да конкурираат сите останати играчи во светот. Според мене втората сега треба да ја освои Халанд. Што се однесува до Меси тој мора секоја година да ја добива оваа награда, имено и неговата најлоша сезона е подобра од било кој друг фудбалер“.

Дипломатски одговор, нема што.

ПретходноКК Пелистер е казнет со 32.000 денари поради своите навивачи!
Следно(Не)очекувано: Меси е највлијателен спортист, Новак е единаесетти, а Роналдо дури на 27.место!